Локалната власт во Пустец во Албанија нема дадено дозвола за отворање бугарски културен клуб. Ваква изјава за новинската агенција МИА даде градоначалникот на Пустец Пали Колефски, откако беше обкавена информација на социјалните мрежи дека утре на 24 мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј таму ќе се отвори бугарски културен клуб.
„Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија“, вели градоначалникот Пали Колефски.
„Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет“, изјави Колефски.
За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.
Истиот став го дели и , кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат
Загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо” искажаа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден” Никола Ѓурѓај.
Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица.
Деновиве албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши при престојот во Пустец кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци.
„Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори“, изјави Пелеши.