Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се први финалисти во АБА лигата

by Fokus

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти од плејофот од АБА лигата. Тие вечерва во вториот полуфинален натпревар го совладаа Будуќност во Подгорица со 97:56 .

Во првиот меч во Белград, Ѕвезда исто така победи со убедливи 93:55 и во финалето ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Партизан и Цедевит Олимпија.

Будуќност добро го почна натпреварот, но по влегувањето на Лука Митровиќ кон средината на првата четвртина, Ѕвезда го презеде ритамот и доминираше до самиот крај.

Поврзани новости