544
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска зборуваше за својата безбедност во гостувањето во ТВ 21, додавајќи дека постојат закани за неа.
„Не сметам дека постои маж кој ќе ми ја загрози безбедноста. Закани постојат. Не сметам дека треба да се плашам за сопствената сигурност. Чашата ја прели нешто што некој веднаш застана во одбрана на другата страна и корупцијата. Барем јас додека сум за градоначалник во град Скопје, ќе ги штитам интересите на граѓаните“, истакна Арсовска.