НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ!

by fokus

Многумина не можат да го замислат своето секојдневие безупотреба на мобилен телефон, најчесто заради олеснетакомуникација, функционалност, поефективно извршувањена работните обврски и слично. И навистина, никој не можеда ја оспори потребата од користење мобилен телефон. Но, развојот на технологијата и зголемувањето на нејзинатадостапност за употреба на  секое место и во секојаситуација, не значи дека имате право да го правите тоасекогаш и секаде.

Во многу ситуации користењето на мобилен телефон е ризично и опасно, особено кога возите, но и кога пешачите.

Во сообраќајот, мобилниот телефон како причина заодвлечено внимание на возачот се јавува во 20 до 25% одсите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, вонаредните години се очекува оваа состојба дополнително дасе влошува. Одвлеченото внимание е причина за голем бројзагинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многунесреќни животни приказни испишани на патиштата и наулиците, за тажни човечки судбини. Оттука и прашањето: Вреди ли?

Статистиката на светско ниво покажува дека 45% одвозачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП во Република СевернаМакедонија 63% од возачите користеле мобилен телефондодека возат. Универзитетска студија во САД, проценувадека употребата на мобилни телефони за време на возењеторезултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозниповреди годишно, а пак истражувањата на СЗО покажуваатдека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасностаод сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.

​Се поставуваат прашањата:

•  Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете напрвото безбедно место на кое може да се запре возилото и даразговарате?

•  Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето сосекакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори замоментите кога ќе бидете сами зад воланот?

•  Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која гиизложувате вашиот и животите на вашите најблиски и надругите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете дасе воздржите од користење на мобилниот телефон кога стезад воланот?

•  Дали знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за коивозило со брзина од 60 km/h поминува 100 метри?

КОРИСТЕЊЕТО НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИТЕ Е ОПАСНО И РИЗИЧНО!

Употребата на мобилен телефон додека се управува сомоторно возило е ризично, опасно, но и спротивно наЗаконот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возачкој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, сесанкционира со 40 евра во денарска противвредност.

Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилентелефон додека управуваат возило и на тој начин гопрекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста восообраќајот.

Не постои разговор на мобилниот телефон чија важностможе да се спореди со пристигнувањето на посакуванатадестинација безбедно и со добро здравје.

Затоа, не користи мобилен телефон додека возиш! Секојповик може да почека!

РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниоттелефон настрана. Животот, здравјето и безбедностанека ви бидат секогаш на прво место.

ПР текст

Поврзани новости