Драма на концертот на Брена: Шест пензионери се онесвестиле, еден прескокнал ограда и се качил на бина

by fokus

Понесени од еуфоричната атмосфера на двата концерти на Лепа Брена кои се одржаа во Неделишќе, Хрватска, дури шест пензионери кои биле дел од публиката завршиле во Итната медицинска помош, откако колабрирале, а пак еден кој бил во полна снага, ја прескокнал заштитната ограда и се качил на бината.

Дури и обезбедувањето не можело да го тргне, па Брена им кажала да го остават да го следи нејзиниот настап качен на сцената.

Хрватските медиуми известуваат за овие настани кои се случиле за време на традиционалната дводневна манифестација ,,Месап есен 2022”.

Станува збор за саемската приредба Меѓугорски сајам подузетништва МЕСАП, кој се одржува 14-та година по ред.

Годинава Лепа Брена (62) била специјална музичка гостинка на настанот на кој се собрале многу генерации, од деца до пензионери.

Во преполната сала ги отпеала своите најголеми хитови, а пред присутните раскажала дека започнала да настапува на 22 години и не верувала дека и по 40 години, се уште ќе пее.

На трети декември таа ќе одржи концерт во Бјеловар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости