(ФОТО) Сообраќаен хаос во Скопје

by fokus

На булеварите во центарот на Скопје од утринава владее целосен сообраќаен хаос. Има голем метеж и застоји, бидејќи крстосницата кај Мавровка е блокирана од протестот на приватните превозници.

Приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз денеска од 7:00 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка“, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Од  приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.

Поврзани новости