ЕЛЕМ се огласи со реакција на тврдењата на СДСМ дека компанијата во денови на најмал доток на вода во Охридското Езеро, произвела струја повеќе од планираното токму преку двете хидроелектрани коишто користат вода од езерото.
Од таму велат дека не го празнат Охридско езеро затоа што нема струја, туку езерото е празно затоа што е сушен период.
– АД ЕЛЕМ во насока на целосно информирање на јавноста уште еднаш повторува дека го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото, а во согласност со референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ „Глобочица“. Од крајот на јануари на сила е, на неодредено време, воспоставениот режим на биолошки минимум што подразбира испуст од 3,5 кубни метри во секунда што задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот по течението на реката Црн Дрим. Во тој контекст, во целост ги отфрламе политичките наводи дека водата неконтролираном се испуштала т.е. дека и моментно се испушта – се вели во соопштението на ЕЛЕМ.