Арифи: Со СДСМ имавме конструктивна дискусија, одлуката е на Ахмети

by fokus

Потпретседателката на ДУИ, Туета Арифи, вели дека денешната средба со СДСМ била конструктивна, но конечната одлука за коалиција треба да ја донесе централното претседателство на ДУИ.

– ДУИ е политичка партија која има отвореност. Ние денеска имавме разговори за нашите иницијални позиции. Јавноста е информирана за нашите рамки, значи интеграцијата во ЕУ, реализирање на Договорот од Пржино во однос на прашањето на СЈО. Исто така, прашањата кои се поврзани со реализација на Охридскиот договор и интеграцијата на нашата земја во Европската Унија и во НАТО заедно со целосната еднаквост на Албанците. Така што, имавме една конструктивна дискусија, а финалните одлуки, нормално, ќе се носат од страна на претседателството на чело со претседателот на ДУИ, Али Ахмети – рече Арифи.

СДСМ и ДУИ денеска се сретнаа за да ги почнат преговорите за формирање нова влада. СДСМ беше претставен од членовите на раководството Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Рената Дескоска, додека од ДУИ присутни беа градоначалниците Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта.

Поврзани новости