Собранието ја изгласа новата влада

by Фокус 17:25
17:25

Собранието предмалку ја изгласа новата влада на чело со премиерот Никола Груевски, која ќе брои 26 министри, од кои 10 се без ресор.

Како и досега, министер за финансии ќе биде Зоран Ставревски, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за надворешни работи Никола Попоски, за транспорт и врски Миле Јанакиевски, за здравство Никола Тодоров, за труд и социјала Диме Спасов, за култура Елизабета Канческа-Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Нов министер за одбрана ќе биде Зоран Јолевски, за образование Абдулаќим Адеми, за правда Аднан Јашари, за економија Беким Незири, за земјоделство Михаил Цветков, за локална самоуправа Лирим Шабани, за животна средина Нурхан Изаири.

- Advertising -

Стари и нови министри без ресор со различни задолженија ќе бидат Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Висар Фида, Горан Мицковски, Неждет Мустафа и Фуркан Чако.

Поврзани новости