По БЕСА, НДП е втората албанска партија која повика на протест во знак на поддршка на Специјалното јавно обвинителство.
„Владеењето на правото во земјата е претворено во сеопфатна мисија за сите граѓани во земјата. Оваа мисија е претворена во света мисија бидејќи недостакотот на владеењето на правото е пред целосно уништување не само на државата туку и на нормалниот живот на граѓаните во земјата, од независноста на земјата се до ден денеска. Ова уништување на државата и институциите преку недостакот на владеење на правото, и по 25 години продолжува да се реализира од страна на деструктивните сили внатре во државните институции и различни политички парти, и поради ова причина меѓународната заедница создаде независна институција за враќање на владеењето на правото“, соопштија од партијата.