Македонец фатен на српска граница со скриени девизи и злато

by Фокус

Српската царинска управата пронашла огромна количина на скриени девизи и злато кај македонски државјанин, кој влегувал од Македонија на српска страна.

Како што јавуваат српските медиуми, во неговиот автомобил марка Фолксваген пасат, во пределот на менувачот, биле пронајдени 99.000 евра и 47 пакети злато.

Засега нема информации за идентитетот на лицето.

Поврзани новости