НДП: Оваа диктаторска власт треба да оди во историја!

by Фокус

Од партијата Национална Демократска Преродба истакнуваат дека не се зачудени што и поранешниот лидер НДП, Руфи Османи, е прислушуван од актуелната власт.

„Руфи Османи бил прислушуван од 1981 до ден денеска, и неговото прислушување и на фамилијата не е завршена дури ни во времето кога беше во затворот во Идризово во годините 1997-1999. Објавителот на информацијата во овој случај има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушуван Османи, велат од НДП.

Од партијата додаваат дека во континуитет изјавуваат дека ова власт е една од најкриминалните власти што познава историјата на ова држава.

„Фактот дека ова власт има прислушувано на незаконски и криминален начин повеќе од 20.000 граѓани на ова држава е аргумент на ова невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш во виделина произлегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата који се прислушувани, што подразбира едно лудило од свој вид што само ова власт може да направи“, се вели во соопштението на НДП.

Од партијата коментираат дека штом пандорината кутија се отворила, нема враќање назад.

„Ова апокалиптична ситуација уште еднаш го потврдува консистентниот ставот на НДП од првите денови на објавување на овие бомби, дека мора да се формира едно специјално судство како во случајот на Косово под голем перманентен надзор на судски компетентни претставници на ЕУ и САД, судство што ќе ги гони кривично нарачателите и егзекуторите на овој информативен масакар што претставува голем удар врз демократијата и слободите на човекови права, велат од партијата од каде што додаваат дека очекуваат од опозицијата да продолжи да ги објавува и останатите снимки.

„Да продолжат да ги објават јавно големите скандали на институцијоналната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, финализирајќи го со масовното крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има егзекутирано во многу изборни циклуси, велат од НДП.

Поврзани новости