Изгоре жена во пожар во Велес

by Фокус

Во пожар што ноќеска избувна во семејната куќа на велешкото семејство Бошкови на улицата „Ѓоре Органџиев“ во Велес изгореа две куќи и гаражи со приземен дел од објект на шивачко претпријатие во населбата Дворови. Локалните медиуми јавуваат дека изгорена е и една возрасна жена која не можела да се извлече низ силниот оган. Според објавените фотографии пламените јазици брзо се шириле низ двете куќи, а соседите, иако се обидувале да ја извлечат жената и да спасат нешто пред противпоѓарните екипи да интервенираат, сепак не успеале.

pozar7

Повеќе информации се најавуваат за подоцна, пред се за идентитетот на жената, но и за причината за избувнување на пожарот. Инаку, соседите биле исплашени дека пожарот ќе се прошири и на другите куќи, па сите во паника ги напуштале домовите. Огнот зафатил и дел од една шивачка работилница.

Поврзани новости