Тамара Димовска ќе биде погребана во 12.30 на велешките гробишта

by Фокус

Деветгодишната Тамара Димовска ќе биде погребана денеска во 12.30 часот на гробиштата во Велес, откако вчера ја загуби долгата битка со надлежните институции, каде поради бирократски процедури чекаше неколку месеци операција во странство. Обдукција на девојчето не е направена, бидејќи било донесено мртво на Велешката болница, а во такви случаи единствено обдукција може да се направи по барање на семејството.

Илјадници граѓани во текот на вчерашниот и денешниот ден застануваат крај градските јавори во Велес каде што има табли на кои се поставуваат некролози и го гледаат некрологот на кој е сликата на Тамара и известувањето за денешниот погреб на девојчето.

Социјалните мрежи вчера вриеја од негативни коментари упатени на адреса на министерот за здравство Никола Тодоров, од кој се бараше оставка, како и од раководството на Фондот за здравство.

Поврзани новости