Народното движење за Македонија (НДМ) бара државата да ги затвори границите за мигрантите, па дури ако е потребно и да се постават заштитни огради. Сметаат дека сегашната ситуација со мигрантите е поставување на сцената за внатрешна дестабилизација на земјата.
-Македонија веднаш да ја затвори границата, а доколку околностите го налагаа тоа да биде поставена и заштитна ограда, бидејќи само така ќе може да се одговори на сериозниот предизвик пред кој е исправена земјата од влезот на илјадници мигранти дневно на нејзината територија, стои во соопштението од НДМ.
НДМ бара државата да прекине да ја игра ,,писарската улога со издавањето на соодветни потврди на бегалците и нивно евидентирање” и да почне оваа состојба да ја третира како вонредна.
-Народно движење за Македонија очекува државниот врв најпосле да ја согледа вистинската опасност за земјата од големиот број мигранти по инцидентот на граничниот премин „Богородица„ каде мигрантите нападнаа полициски службеници со што започнаа да стануваат и насилни, велат од НДМ.