Шеќеринска: Ајде со документи да покажеме кој каде летувал и чии пари трошел

by Фокус

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, реагираше откако провладините медиуми објавуваа слики од нејзиниот летен одмор и наводната „лукзузна јахта“. Таа на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги повика владините функционери да се организира дебата на која секој со документи ќе покаже колку потрошил за летување, но и чии пари.

-Што се однесува до летувањето на моето семејство еве предлог до власта: ВЕДНАШ да организираат дебата на која секој ќе покаже документи каде го поминал одморот, колку тоа чинело и од каде се покриени трошоците. Ајде, јас немам што да кријам.
Како знак на добра волја, нема да поставувам прашање за цената на очилата коишто станаа болна точка на власта, па поради тоа постојано лажат и навредуваат, напиша Шеќеринска.

Таа вели дека институциите коишто 9 години ги раководи ВМРО-ДПМНЕ сто пати го провериле целиот нејзин имот, но не нашле  ништо непријавено или незаконско, затоа што такво нешто немало.

Поврзани новости