Растот на економската активност во вториот квартал од годината е понизок од очекуваниот, заради нискиот раст на бруто домашниот производ во однос на проектирниот, соопштија од Народна Банка.
– Објавените податоци за БДП за првата половина од годината се пониски од очекувањата со априлската проекција, што упатува на потенцијално надолно отстапување на проектираниот економски раст за целата 2016 година, наведуваат во соопштението од НБРМ.
Од НБРМ информираат дека вкупните интервенции во летниот период, заклучно со почетокот на септември, изнесуваат 68,8 милиони евра со што се надоместени повеќе од половината на средствата продадени во периодот на шпекулативниот напад на девизниот курс.
Од таму додаваат дека девизните резрерви се во сигурна зона. Иако првичните податоци за август покажуваат понатамошен раст на депозитите на населението, сепак нивото на депозитите и понатаму е пониско од проектираното.