Навредите кон Маричиќ ја покажуваат нервозата на ВМРО, реагира СДСМ

by Фокус

„СДС наместо да понудат програма, се занимаваат со броење луѓе по митинзи, па еве нека знаат: Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек“, ова го соопшти ВМРО-ДПМНЕ, што предизвика жестока реакција од владејачката СДСМ.

Според СДСМ, ваквиот речник на опозициската партија доаѓа по неуспешниот митинг на партијата, но, како што велат, и по лошиот настап на Христијан Мицкоски на дуелот со Димитар Ковачевски.

„Навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажуваат само нивната нервоза. Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеаа да соберат потиси за Силјановска. Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската унија“, реагираат од СДСМ.

Поврзани новости