Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални е ставен во самица по петти пат од средината на август поради, како што вели, политички мотивирани причини.
Во меѓувреме, на неговиот Твитер профил се појави видео во кое вели дека одлуката да се врати во казнената ќелија била политички мотивирана поради неговите неодамнешни изјави со кои ја критикуваше одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне делумна воена мобилизација за војната во Украина.
-За да се спротивставам на идејата да се испратат стотици илјади наши луѓе да убиваат други невини луѓе за ништо, ќе одам во самица 12 дена или повеќе ако е потребно – рече Навални.
Неколку часа откако Путин најави делумна воена мобилизација поради неодамнешните руски воени загуби во Украина, Навални даде изјава на 21 септември во која го осудува потегот и го обвини Путин дека испратил повеќе Руси на смрт поради неуспешната војна.