Украинците тврдат: Соборивме ирански дрон!

by Фокус 23:31
23:31

Украина денеска соопшти дека урнала четири т.н беспилотни летала камикази од иранско производство, какви што користи руската армија.

Поради ова, украинскиот претседател официјално му се пожали на Иран, тврдејќи дека официјален Техеран им помага на Русите во нападите врз украинските цивили.

Вооружените сили на Украина на југот на земјата соопштија дека четирите летала Шахед-136 биле соборени во близина на пристанишниот град Одеса.

Украина и САД го обвинија Иран дека испорачува т.н Камикази беспилотни летала за Русија, а Техеран тоа го демантираше.

Украински воен офицер објави видео на социјалните мрежи за кое тврди дека покажува беспилотно летало со долг дострел  кое за прв пат е соборено од украинските сили над морето.

 

Поврзани новости