Науновски: Мицкоски го загрози азилот на Груевски со одземање на титулата почесен претседател

by Фокус

Со промените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, со кои Никола Груевски повеќе не е почесен претседател на партијата, се загрозува неговиот статус како азилант во Унгарија, тврди Тони Науновски, поранешен член на Комисијата за заштита од дискриминација.

Науновски на Канал 5 изјави дека токму статусот „почесен претседател“ била една од основите поради кои Комисијата во 2018 година даде мислење дека Груевски е дискриминиран, што пак бегалецот го искористи како документ за да бара азил во Унгарија.

-Таков удар во грб. Тоа што му го направија на тој човек сега, со тоа што му ја земаа титулата, мислам дека е предавство не само кон него туку како да кажам, контрадикцијата на ВМРО која секогаш се грижела за своите членови – рече Науновски.

Поврзани новости