Пандов: Можеби е избегната Република Македонија во статутот на ВМРО заради судот

by Фокус

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој е поранешен функционер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека партијата можеби го изоставиле името на државата во новиот партиски статут бидејќи во спротивно, според него, немало да биде да биде институционално заверен.

-Факт е, да не се правам дека не сум видел, имам прочитани статуси такви дека не постоело името. Треба да видам. Ако вистински не постои никаде Република Македонија, во регистрацијата, тоа е претпоставувам избегнато за да… бидејќи ќе им го вратат назад на суд. Тоа треба да се завери на суд. Оној што доби на тој Преспански договор безмалку 37.000 гласа, оној Апасиев, си го зема ли уверението на кое што му пишува дека Северна е државава – рече Пандов на Канал 5.

Поврзани новости