2K
Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски ги демтнираше тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој рече дека Наумовски поседува луксузно возило, а не го пријавил до Антикорупциската комисија.
Како што рече Наумовски, во законскиот рок пријавил промена на имот, откако го продал возило и потоа купил возило произведено во 2010 година.
-12 години старо возило БМВ Х5 е луксуз? – праша Наумовски.
Воедно, тој додаде дека Антикорупциската комисија ги нема ажурирано неговите податоци од 2009 година како член на Совет на Град Скопје.
Притоа, се пофали дека во негово време во Ѓорче Петров се направиле инвестиции како за 20 години.