Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 11 проценти

by fokus

Годишната инфлација во еврозоната повторно се засили во октомври, достигнувајќи 10,7 отсто, ново највисоко ниво од воведувањето на еврото, покажаа проценките на Евростат, како одраз на забрзаниот раст на цените на енергијата и храната.

Во септември годишната инфлација изразена со усогласениот индекс на потрошувачките цени (HICP) во 19-те земји кои ја делат заедничката европска валута изнесува 9,9 отсто, покажуваат табелите на Евростат.

Со тоа, растот на потрошувачките цени на годишна основа достигна ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година. Во однос на септември, потрошувачките цени во последниот месец се зголемени во просек за 1,5 отсто, со благо забрзување на месечно ниво, покажува табелата на Евростат.

Поврзани новости