Кире Наумов, дополнителниот заменик министер за финансии денеска побара министерот Кирил Миноски, да им соопшти на граѓаните што им кажал на претставниците на Светска банка и на ММФ вчера во Вашингтон. И дали и какви мерки презeл Миноски за дуплираниот јавен долг, неодржливоста на ПИОМ и незначителниот економски раст.
Овие прашања Наумов ги постави по средбите на Миноски со претставници на ММФ и на Светска банка во САД.
„Овие сериозни забелешки од меѓународните финансиски институции досега власта не само што ги изигнорира, туку и со предложениот неразвоен Буџет за 2017 дури ги продлабочува проблемите нотирани во последните извештаи на ММФ и Светска банка. Веднаш по изборите, ќе биде донесен Буџет според потребите на граѓаните, а за сите непотребни милионски задолжувања на граѓаните, ќе има одговорност“, реагира Наумов.