Наумов: Гувернерот Богов не кажа ниту збор за Панама

by Фокус

Во ситуација кога целиот свет е дигнат на нозе по објавата на таканаречените ПАНАМА ПЕЈПЕРС, кога премиерот на Исланд  заради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и прилив на средства од странство, Гувернерот на НБРМ, излегува на интервју во својство на портпарол на Влада, реагира дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

-Гувернерот Богов ниту збор не кажа дали во периодот додека ја извршува функцијата имало одлив на  средства кон оф-шор сметки во Панама. Ниту збор не кажа дали во соработка со останатите надлежни институции има поведено постапка за испитување на сомнителни трансакции кон оф-шор сметки во странство, вели Наумов во своето соопштение.

Наумов вели дека однесувањето на Богов било типичен пример на клиентелизам кон оние за кои смета дека се заслужни за неговиот избор на функцијата која ја извршува.

Поврзани новости