ДОМ: Кој го краде паркот во Карпош?

by Фокус

ДОМ денеска ги праша Градот Скопје и општината Карпош да и кажат на јавноста за која цел денеска се дига ограда во паркот помеѓу ул.-те Теодосиј Гологанов и Јуриј Гагарин, спроти Веро и кој го краде паркот што го направи Градот.

-Тој парк е омилена зона за рекреација на граѓаните и нивните миленичиња, а неколку години по ред токму таму се организираше садење на Денот на дрвото, со посебно атрактивни цветни инсталации. Дали беше тоа само за сликање? Дали надлежните процениле дека сега, на еден ден пред распуштање на Собранието, е право време за уништување на паркот и инсталирање нова бетонска градба? Дали некој ги следел загадувањата на воздухот во Карпош, кои се меѓу највисоките во градот, прашуваат од ДОМ.

Поврзани новости