Антикорупциска: Зошто ве интересира имотот на Груевски?

by Фокус

Откако во јавноста деновиве излегоа прашања за анкетниот лист за имотот на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска Антикорупциската комисија свика прес конференција на која тврдеше дека нема разлика во имотниот лист на Груевски на почетокот на стапување на функција и по завршувањето.

На претседателот на Комисијата,  Горан Миленков, не му беше јасно зошто новинарите се интересираат за имотот на Груевски, кога тој веќе не бил премиер. Сепак,  анкетните листови од почетокот и на крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи.

Претседателот тврди дека нема голема разлика но не им дозволи на новинарите да добијат фотокопија од документот со имотната состојба на Груевски кој им го покажа на новинарите.

-Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин, рече тој пред новинарите пред кои се пожали дека телефоните во Антикорупциската комисија не престанале да ѕвонат и сите барале да знаат колкав е имотот на Груевски.

Поврзани новости