Наумоски по дебалкот на Македонија: Вакво понижување немало 30 години, јас сум позасрамен од фудбалерите!

by fokus

Поранешниот македонски репрезентативец, Илчо Наумоски, не го криеше разочарувањето од синоќешниот дебакл на Македонија од Австрија на арената „Тодор Проески“.

Македонската селекција беше посрамотено од Австријците (1-4), а Наумоски испрати критики за таквото издание.

„Црвен дрес, црвена крв, привилегија да се носи и кога нозете откажуваат. Вакво понижување немало во 30 години на домашен терен.

Сите очекувавме многу, а добивме премалку против поквалитетни репрезентации, па какви ќе бидат тие на Европско што се пласираат. Мислам дека сум повеќе посрамен јас од фудбалерите, зошто сакав баш против Австрија да имаме резултат, а тие ни одржаа лекција која ќе ја памтиме долго време.

Прстот на чело, има оваа земја квалитетни фудбалски тренери, но и квалитетни фудбалски работници“, истакна Наумоски.

Напаѓачот во националниот дрес одигра на 45 натпревари и деветпати се запиша во листата на стрелците. Последно го облече дресот на македонската селекција во 2014 година.

Поврзани новости