Националната агенција: Дали Николовски е нервозен што ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да ги злоупотребува европските пари?

by fokus

Националната агенција за европско образование и мобилност вечерва реагираше на најавата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски за објавување на наводен корупциски скандал во Националната агенција за проневерени три милиони евра.

-Го охрабруваме потпретседателот Николовски и ВМРО ДПМНЕ да ги обзнани сите сомневања за Националната агенцијата и воедно ги повикуваме сите релевантни институции да се вклучат во расветлување на наводите.
Воедно го прашуваме Николовски дали нервозата и жалењето е поради тоа што Националната агенција не е повеќе личен сервис на ВМРО ДПМНЕ и Бошко Нелкоски во злоупотребата на европските пари за лично богатење поради што Националната агенција за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ во 2010 година беше суспендирана за злоупотреби при трошењето на европските пари?, се вели во реакцијата од Агенцијата.

Поврзани новости