НАТО: Косово и Србија да го спроведат договорот

by Fokus

Претставникот за печат на НАТО, Оана Лунгеску, изјави дека Северноатлантската алијанса го поздравува договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, постигнат вчера во Охрид.

На Твитер, Лунгеску ги повика двете страни целосно да го спроведат договорот.

„НАТО го поздравува договорот што го постигнаа претседателот на Србија и Албин Курти во дијалогот со посредство на ЕУ, на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Ги повикуваме двете страни брзо и целосно да го спроведат договореното. Ние сме посветени на стабилноста на Западен Балкан, вклучително и НАТО и КФОР“, рече Лунгеску, пренесува Косово онлајн.

Поврзани новости