693
Професорката Наташа Петровска од редовите на СДСМ најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на Битола, дознава „Фокус“.
Петровска во моментот е координатор на советничката група на СДСМ, а тоа го потврдуваат направените анкети, на кои професорката најдобро котира.
Инаку, во трката за градоначалничката функција на Битола од редовите на СДСМ досега поднесоа најмногу кандидатури, дури 12, колку што се имаа пријавено на интерниот партиски конкурс. Еден од можните кандидати беше и лидерот на ЛДП, Горан Милевски.