Адеми: Менталниот склоп на Милошоски е толку ограничен што не би изустил ни збор на албански

by fokus 15:13
15:13

Верувајте, ќе беше сензација доколку Милошоски овде зборуваше на албански јазик, тој и да го знаеше албанскиот јазик немаше да го стори тоа, затоа што менталниот склоп му е таков, ограничен, рече пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, возвраќајки на обвинувањата од Милошоски дека градоначалниците на ДУИ се корумпирани.

Дискусијата во Собранието за предлог законот за јазици се сведе на партиски препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ откако Милошоски рече дека најголемата албанска партија со законот сака да компензира за загубата што ја доживеа на последните парламентарни избори.

- Advertising -
"

-Не може вашите неуспеси на изборите, односно падот од 20 на 10 пратеници да ги препишувате на нас. Не може ВМРО-ДПМНЕ да биде виновна за корумпираните градоначалници на ДУИ, во Чаир, Тетово и Струга, и не може оваа загуба да ја надокнадувате со овој предлог закон за употреба на јазиците кој е неуставен – порача Милошоски од собраниската говорница.

На тоа Адеми побара од Миолошоски  да им се извини на градоначалниците на Струга, Чаир и Тетово.

-Најмалку што може да направите Милошоски е да му се извините на Изет Меџити, да и се извините на Теута Арифи. Со ваква дебата не помагаме на никого. Да го прекинеме ова препукување и да дозволиме Македонија да живее европски – возврати тој.

Претседателот на комисија за европски прашања Артан Груби, за да ја смири тензијата на Комисијата, предупреди дека ќе бара репликите на пратениците да се ограничат во времетраењето согласно деловникот.

 

Поврзани новости