415
Жена од Скопје денеска пријавила дека на 19 мај на час во основно училише во Карпош по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека според пријавата малолетникот на 19-ти месецов во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог.
„Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.