Наставник му се заканувал на директорот дека ќе го убие со пиштол

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Ј. (56) од село Зајас поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.

Според полицијата, Ш.Ј., наставник во општинско средно училиште „Дрита“ во  Кичево,  на 31.10.2017 година  во 10.00 часот,  во канцеларијата на  директорот, после вербална расправија, му се заканил дека ќе го убие со пиштол, доколку не го реши неговиот проблем.

Поврзани новости