Му била девојка, раскинале и ја ограбил

by Fokus

Полицијата поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојничка кражба“.

Во полицискиот билтен се наведува дека пријавениот пред неколку месеци во Скопје, во близина на Универзалната сала, физички ја нападнал С.М. (44), со која претходно бил во лубовна врска, при што и ја зел чантата, во којашто имало 3.400 денари, мобилен телефон, женски несесер и лични документи.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости