524
Наставничка во ОУ “Васил Главинов” во Чаир, заболена од туберкулоза, е причината поради која 60 ученици и 10 наставници биле на вонреден систематски преглед. Од нив, никој не е заболен.
Наставничката повеќе од две недели е хоспитализирана на институтот за белодробни заболувања, и е во стабилна состојба, и добива соодветна терапија.
Негативни биле тестовите и на членовите на семејството на заболената. Во вторник превентивно ќе бидат прегледани и други ученици.
Како превентива, Центарот за јавно здравје во сите простории во училиштето направиле вонредна дезинфекција.