„Охридска бомба“ после Велигден

by Фокус

Опозициската СДСМ наредната политичка бомба ќе ја објави во Охрид после велигденските празници. Зоран Заев неодамна изјави дека  градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески треба да замине или во најмала мера да се посрамоти, откако ќе одекне вистината како тој дошол до градоначалничката функција.

После Охрид, следен град од каде ќе се објават нови снимки ќе биде Штип. Досега, „бомби“ беа објавени од  Струмица, Куманово, Прилеп и Битола. Овие пресконференции кои СДСМ ги прави по градовите низ Македонија се однесуваат на локални теми.

Паралелно со локалните пресови, СДСМ ќе одржува и пресови во Скопје, каде лидерот на опзицијата Заев ќе обелоденува нови делови од „Вистината за Македонија“.

Поврзани новости