Во ноќниот клуб „Ориентал“ на излезот од село Жеровјане на автопатот Гостивар-Тетово настанал пожар, но се уште не се знаат точните причини, информираат од МВР.
Според информациите од полцијата, вчера околу 06,00 часот на автопатот Гостивар-Тетово на излезот од с.Жеровјане, од засега неутврдени причини, настанал пожар во ноќен клуб „Ориентал“, при што бил опожарен инвентарот, а од чадот било направено оштетување на ѕидовите во внатрешноста на објектот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Тетово.
Објектот бил затворен и иако сопственикот не барал да се изврши увид, по претходно добиено овластување и инструкциии од надлежен Јавен обвинител при Основното Јавно Обвинителство-Тетово, од страна на увидна екипа од СВР-Тетово бил извршен увид на местото на настанот. Причинета била материјална штета од околу 3.000.000 денари.
СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.