Груевски доцнеше и на рочиште во суд

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се појави во Кривичниот суд на уште едно рочиште по предметот „Шамарите во Центар“ со десет минути задоцнување. Овој пат во судницата присуствуваше и седмообвинетиот, Димче Крстев, донесен со стражарно приведување откако не се појави на претходните рочишта.

Случајот „Шамари во Центар“ се однесува на протестите во оваа општина против, како што велеа тогаш демонстрантите, рушење на црквата Свети Константин и Елена. Протестите резултираа со демолирање на општинската барака, упад на демонстранти во седница на советот и упатување закани кон советниците. Според објавената бомба, протестите биле во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а наводно Груевски побарал еден од демонстрантите да му удри шамар на градоначалникот, Андреј Жерновски.

Обвинети се 15 лица, меѓу кои и екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова. Обвинението во суд го застапува специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи.

 

Поврзани новости