Насобраниот народ пред Собрание му порача на Груевски да си оди

by Фокус 19:25
19:25

Околу 300 луѓе денеска се собраа пред Собрание за да го изразат својот револт против власта под раководната палка на премиерот Никола Груевски. Тие со себе носеа црни знамиња и црни картони на кои пишуваше „Грујо оди си“. Целата иницијатива за овој протест се организирала преку фејсбук, каде редовно можеа да се прочитаат повиците за масовен потест каде на оваа власт ќе и се зададе првиот „УДАР“.

Лилјана Сарческа му се обрати на насобраниот народ организиран преку социјалните мрежи, тврдејќи дека тие се лојални граѓани, кои се борат против партизираното општество и партиската држава.

- Advertising -

– Не обвинуваат за некакви бизниси, а ние се бориме и бараме работа за сите, а не измислени субвенции и решенија за еднократни партиски употреби. Не навредуваат и користат говор на омраза, а ние се бориме за слобода на говор. Изгледа насмевката на лицето по дефиниција е прекршок и предизвикува сериозна опасност. Се повеќе личиме на робовладетелско општество. Синдикатите ни се претворени во рекламен материјал на власта. Младите не бегаат, тие едноствно заминуваат и не помислуваат да се вратат. Затоа ќе бидеме и без држава и без народ – истакна Сарческа.

Поврзани новости