СДСМ: Власта манипулира со зголемувањето на пензиите

by Фокус 17:52
17:52

Власта на ВМРО-ДПМНЕ покажува лажен и неискрен однос кон пензионерите, манипулира со нив, а и со сите нас, за да се создаде впечаток во јавноста дека пензиите ќе се зголемат за пет отсто. Со вакви обвинувања на сметка на партијата на власт излезе најголемата опозициона партија СДСМ.

– Со измените и дополнувањата од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од пред два дена, власта ги укина законските одредби за усогласување на висината на пензиите согласно трошоците на живот. Наместо ова законско усогласување, кое целосно го укина, власта додаде одредби за зголемување од 5 отсто во септември 2015 година – истакна Јулијана Силјановска, пратеник.

Таа прашува зошто власта го укинала усогласувањето на пензиите со трошоците на живот, кои секојдневно растат?

- Advertising -

– Ако власта имаше искрени намери, во измените, само ќе додадеше одредба за зголемување на пензиите за 5%, без укинување на усогласувањето за висината на пензиите. На овој начин, власта на Никола Груевски покажува лажен, неискрен однос кон пензионерите. Реалното, со ова укинување на законското усогласување на пензиите, зголемувањето ќе биде незначително – тврди Силјановска.

Поврзани новости