Избегната трагедија, пожар во среде ноќ избувнал во детска соба

by fokus
Две семејни куќи целосно изгореле во текот на вчерашниот ден, а за среќа во пожарот нема повредени. Едниот пожар се случил во Струмица, а избувнал во детската соба, поради неисправен оџак.
-На 27.01.2018 година околу 02,20 ч. во с.Дукатино, стумичко, избувнал пожар во куќа сопственост на З.Р.(34). Од страна на Територијална противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а куќата е целосно опожарена. Повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица и од Дирекција за заштита и спасување. Пожарот настанал поради неисправен оџак поставен помеѓу детската и спалната соба, велат од МВР.
Вториот пожар пак избил во куќа во Скопје.
-На 27.01.2018 година  во 11,30 ч. во ЕИК, Бујар Џемаили пријавил дека на ул.„Пере Тошев“ бр.34 му била опожарена куќата при што е зафатен горниот спрат, кујната и дневната соба. Од страна на БППЗ пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Пријавителот се откажува од увид, бидејќи пожарот е настанат од неисправна електрична инсталација, велат од МВР.
Фотографија-архива

Поврзани новости