Насилни протести во САД поради убиството на Флојд, полицијата возвраќа со солзавец и куршуми

by Фокус

Веќе петти ден по ред се одвиваат жестоки протести во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако беше држен приклештен на земја од страна на полицаец во Минеаполис.

Пожари, пустошења и хаос избувнаа во десетици американски градови, при што демонстранти се судрија со полицијата во протести предизвикани од смртта на Флојд.

Полициски автомобили и владини згради биле запалени, излози на продавниците искршени, а споменици во парковите вандализирани и испрскани со спрејови на боја.

Полицијата и властите во опрема за справување со нереди ги чувале улиците главно без интервенции, но претежно мирните улични демонстрации се зголемиле во обем во текот на денот.

Некои од протестите станале насилни со настапување на ноќта, властите испукале проектили со хемиски иританти, солзавец и гумени куршуми на демонстрантите.

Многумина од протестантите го игнорирале полицискиот час поставен од градоначалниците во десетици градови, останале на улиците и се судриле со полицијата.

Но, протестанти во некои градови биле мирно уапсени заради непочитување на полицискиот час.

Во Њујорк беа задржани 15 лица, на повеќе локации пак беа апсени новинари, камермани и фотографи кои известуваат од местато на настанот.

Вчера беше задржан Афроамерикански новинар на националната ТВ мрежа Си-ен-ен, но и на некои локални медиуми.

Во Минеаполис пак, синоќа новинарката од Нашвил, Тенеси, Линда Тирадо, го изгуби видот на едното око погодена од гумени куршуми од страна на полицијата, која употреби и солзавец за растерување на толпите.

Властите последните денови, вклучувајќи го и Претседателот Трамп, кажаа дека ја разбираат лутината на народот, но повикаа на мирни протести и го осудија насилството.

Флојд, 46-годишен црнец, кој бил држен со лисици додека лицето му било притиснато на земја, повеќепатии рекол дека не може да диши, додека бел полицаец со колено го притискал на вратот.

Флојд умрел, а полицаецот е обвинет за убиство од трет степен неколку дена подоцна.

Поврзани новости