ФК Ренова потврди дека имаат 4 позитивни случаи на Ковид 19

by Фокус

Фудбалскиот клуб Ренова преку својот официјален фејсбук профил ги потврди информациите има заразени со коронавирус во нивната организација.

„За жал, во нашиот клуб имаме 4 позитивни случаи на Ковид 19. Имињата на луѓето ќе ги има следните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да се докажат“, велат од клубот.

Од таму додаваат дека целиот тим ги откажал активностите се додека нема препораки од надлежните органи.

„Сега со нас како клуб и како семејство не ни е грижа дали ќе се игра овој шампионат, туку се грижиме само за здравјето на нашите членови и нивните семејства“, велат од ФК Ренова.

Поврзани новости