Тестирано е семејството на покојниот од Чаир, неколку семејства доброволно се пријавиле

by Фокус

Центарот за јавно здравје денеска го тестирал семејството на починатиот од Чаир, кому посмртно му беше потврден Ковид-19. Брисеви се земени од 14 луѓе, но без полициска асистенција, бидејќи, како што вели директорот на Центар за јавно здравје Арбен Зибери, тие прифатиле да соработуваат. Во меѓувреме, во центарот сами се пријавиле уште неколку семејства кои биле на погребот.

-Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран ковид-19 – изјави Зибери за Телма.

Поврзани новости