Филипче со ново едукативно видео: Носам маска затоа што сум одговорен!

by Fokus

Ново едукативно видео за значењето на маската постави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.

На видеото може да се забележат луѓе на различна возраст, кои носат маска, а Филипче уште еднаш порача:

„Носам маска затоа што сум одговорен, затоа што така се борам и помагам, затоа што ги почитувам здравствените работници“, напиша тој.
Во нашата земја во последните неколку седмици рапидно расте бројот на заразени од корона вирусот, а се очекува зајакнување на мерките за заштита на населението од опасната зараза.

Поврзани новости