Населби во Тетово три дена без вода

by Fokus

Жителите на одредени населби во Тетово три дена се соочуваат со 24-часовен прекин во снабдувањето со вода за пиење. Станува збор за повисоките делови од градот кои се најпогодени од дефектот и воведените рестрикции овие два дена.

-Два Бреста и Колтук сме трет ден по ред без вода да пиење. Ова е алармантно. Соседите имаат и хидрофор и цистерна па немаат вода за пиење. Рестрикција подразбирам да има периоди кога ќе дојде вода и за да наполниме во шишиња и буриња. Овојпат не ни доаѓа воопшто, замислете во време на пандемија како да одржуваме хигиена, реагираат граѓаните од овие населби.

Јавното комунално претпријатие „Тетово“ информираше дека по откривање на дефектот на пат кон планинската месност Лешница денеска веќе носат нови цевки кои треба да се постават со цел да продолжи снабдувањето со вода од планинските реки во рамки на новиот водоснабдителен систем. Се работи за планински предел од селото Бозовце на шестиот километар кон Лешница.

-Утврдивме дека треба да се постават нови цевки во должина од 60 метри.  Поради свлечиште на земја дел од цевководот е отсечен и пропаднат на длабочина од 4,5 метри.  Инаку цевководот е поставен на длабочина од 1,5 до 1,7 метри длабочина.  Се работи на копање на канал со должина од 60 метри каде треба да се постават новите цевки. Воедно треба да се донесат и цевки од градот до планинската месност, што само по себе е предизвик и потешкотија, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Поврзани новости