Пораст на бројот на заразени со новиот вид корона вирус во Њујорк

by Fokus

Американски научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија објавија дека во Њујорк се зголемува бројот на заразени со новиот вид корона вирус кој има некои сличности со мутацијата откриена во Јужна Африка.

Новиот сој, познат како Б.1.526, првпат бил идентификуван од научниците во примероците собрани во Њујорк во ноември, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 проценти од сите случаи.

Студијата покажа дека сојот Б.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со сојот Б.1.351 идентификуван во Јужна Африка и П.1., што првпат беше потврдено во Бразил, кои се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на корона вирусот.

Истражувањето покажува дека неодамна откриените вакцини против Ковид-19 веројатно ќе бидат ефикасни против вирусите, дури и за инфекции со новите варијанти, а производителите забрзано работат на развој на подобрени вакцини за борба против откриените нови мутации.

Поврзани новости