Локалните избори во Македонија на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври

by Fokus

Локалните избори во Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Деведесет дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.

Поврзани новости